Бугарија влегува во еврозоната во 2026 година

9

Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската унија за приклучување кон еврозоната од 1 јануари 2026 година, заменувајќи го левот со евро како официјална валута.

Одлуката беше донесена на Самитот на ЕУ во Брисел, каде што лидерите ја поддржаа препораката на Европската комисија. Со ова, Бугарија ќе стане 21-та членка на еврозоната, прва по Хрватска која го усвои еврото во 2023 година.

Иако имаше амбиција да го направи овој чекор уште во 2024, Бугарија тогаш не ги исполни сите критериуми. Сега, со инфлација под контрола и стабилни јавни финансии, ЕК оцени дека Софија е подготвена. Се очекува инфлацијата да падне на 1,8% до 2026.

И покрај економскиот напредок, Бугарија останува една од најсиромашните членки на ЕУ, со најнизок БДП по глава на жител.

Најавата за воведување на еврото предизвика протести и несогласувања во јавноста. Националистички и проруски групи организираа насилни демонстрации, а беа поднесени над 600.000 потписи за референдум, кој парламентот двапати го отфрли.

Според анкетите:

54,9% од граѓаните се против влезот во еврозоната во 2026

34,4% се „за“

Властите уверуваат дека преминот ќе биде контролиран и постепен, а ЕЦБ и Европскиот парламент допрва треба да ги потврдат законските аспекти.

Makedonski