ВМРО на Љубчо Георгиевски во предизборна офанзива

242

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски заедно со генералниот секретар на партијата, Љупчо Балкоски вчера во Охрид ја одржаа, како што велат, претпоследната регионална средба со раководствата на општинските комитети кои гравитираат во петтата и шестата изборна единица.

На регионалната средба покрај секојдневните политички случувања дискутирано е и за моменталната политичка состојба во поглед на евро-интеграциите на Македонија но и договорени се конкретни цели во однос на претстојните локални избори.

Како што известувавме и претходно ВМРО-Народна партија е една од ретките политички партии од опозицискиот блок која после велигденските празници стапи во процес на теренски подготовки за претстојните локални избори. Тогаш генералниот секретар на ВМРО-Народна партија изјави дека „ова е редовен процес кој се одржува во континуитет се со цел водње на демократска отворена дискусија како и зајакнување на капацитетите на партијата, што е клучно за еден успешен изборен процес.“

Makedonski