Лејкерси во проблеми: Еден од најважните играчи одби понуда од 90 милиони долари, сака да излезе на пазарот
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одбил да го продолжи договорот со франшизата, иако му била понудена сума од 90 милиони долари.
Ривс моментално е во третата година од договор вреден 54 милиони долари, потпишан пред две години како заштитен слободен агент. Тој има опција следното лето да излезе од договорот и да стане незаштитен слободен агент, што значи дека може да добие значително подобра понуда од сегашната.