Јакимовски: За 20 дена ќе се направи фасада, која била започната пред 10 години
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски од лице место потврди дека по десет години, се довршува фасада на зграда на улица Желево. Истата е започната пред 10 години, но тендерот го добил фирма која не го исполнила својот дел од договорот.
Како што потврди и самиот градоначалник, поради тоа е раскинат договорот и активирана банкарска гаранција, но како што вели, Судот пресудил во корист на фирмата, која не сакала да ја доврши фасадата на зградата.
-Оваа фасада после 10 години ја довршуваме, овој дел ќе чини 2 милиони и 485 илјади денари. Ја извршува фирмата Алегна и очекуваме да биде завршена за 20 работни дена, рече Јакимовски.
Тој упати и апел до граѓаните кои живеат таму, да имаат разбирање поради тоа што мајсторите ќе доаѓаат порано на работа, но самите услови и дневните температури се причината за сето тоа.