Охрид е домаќин на седмата Балканска олимпијада по физика за средношколци

5

Од 30 јуни во Охрид се одржува седмата по ред Балканска олимпијада по физика за средношколци. На олимпијадата учествуваат над 60 ученици од 14 земји од Европа и 3 земји од Азија, со нивните професори-лидери.

Натпреварот се одржува во организација на Друштвото на физичарите на Македонија, под покровителство на Балканскиот сојуз на физика, со поддршка од Европското физичко друштво, Природно-математичкиот факултет во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дел од финансиските средства за организација на олимпијадата ги обезбедило Министерството за образование и наука.

„Тоа што овие млади олимпијци се денес во Охрид е резултат на нивната љубопитност и љубов кон науката, резултат на многу труд, колку нивен толку и на нивните професори и ментори. Тоа е формулата за градење научен подмладок што веќе утре ќе биде подготвен за откритија што ќе му помогнат на човештвото“, рече министерката Весна Јаневска.

Makedonski