Десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во река во Италија

6

Десетгодишно девојче со потекло од Македонија вчера се удавило во реката Пјаве во близина на Сан Џакомо ди Педероба во покраината Тревизо, пренесуваат италијанските медиуми.

Девојчето во реката се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема.

Тие веднаш го пријавиле исчезнувањето, а на лице место пристигнале противпожарната служба на Тревизо со дваесет единици, хеликоптер од одделот за летови на Венеција, со нуркачи и беспилотни летала. Операциите за пребарување биле особено сложени поради силните речни струи.

Телото на девојчето било извлечено по неколку часа, а според информациите што ги пренесуваат медиумите, било најдено заглавено меѓу карпи во реката, на место со силни речни струи. Девојчето било веднаш извадено на брегот на реката каде што доктор не можел да стори ништо друго освен да ја потврди нејзината смрт.

Медиумите пренесуваат дека пред 10 дена 21-годишно момче починало во водите на Пјаве откако нуркало со пријател во областа Фагаре, исто така во покраината Тревизо.

Makedonski