Мотоцикл удри пешак – починат 72-годишен скопјанец

5

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случила денеска околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје, во која животот го загубил 72-годишниот скопјанец К.Г.

Според информациите од СВР Скопје, до несреќата дошло кога мотоцикл марка „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во пешакот. Екипа на Итната медицинска помош која пристигнала на местото веднаш по инцидентот констатирала смрт кај повредениот.

На терен излегле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, кои извршиле увид. По наредба на јавен обвинител, возачот М.О. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Како што информираат од полицијата, по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Makedonski