Пеколно жешко лето: Температури до 39 степени, на места и над 40
Македонија денеска ја очекува нов топлотен бран, со температури кои ќе достигнат и до 39 степени целзиусови, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од променлив правец, додека минималните утрински температури се движат од 11 до 20 степени, а максималните ќе достигнат од 32 до 39 степени.
Во Скопје се очекува сончево и горешливо време, со јужен ветер и температури од 18 до 39 степени.
Од УХМР велат дека земјата се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, што ќе предизвика високи температури и следните денови.
До средината на следната седмица ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а на места ќе надмине и 40 степени Целзиусови.
се наведува во извештајот.
Внимание во недела – нестабилности на повидок
Иако најголем дел од земјата ќе остане сув, во недела попладне и навечер се очекуваат локални нестабилности – пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Метеоролозите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при престој на отворено, да пијат доволно течности и да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот.