Данска денеска го отвори своето шестмесечно претседателство со Советот на Европската Унија

4

Со официјална церемонија и низа културни настани, Данска денеска го отвори своето шестмесечно претседателство со Советот на Европската Унија, преземајќи ја функцијата од Полска.

Настанот се одржа во вториот по големина дански град, Орхус, каде што присуствуваа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, како и целиот тим на Европската комисија.

Кралски прием и уличен фестивал

Во придружба на данската премиерка Мете Фредериксен, лидерите учествуваа на заеднички состанок на Универзитетот во Орхус, по што Фредериксен и фон дер Лајен одржаа прес-конференција.

Посетата продолжи во музејот за уметност АРос, а вечерта беше резервирана за свечена церемонија во Градското собрание, по приемот организиран од кралот Фредерик Десетти и кралицата Мери на кралската јахта „Данеброг“.

Во Орхус, истовремено, се одвива и европски уличен фестивал со концерти, дебати и заеднички оброци, во чест на започнувањето на ротирачкото претседателство.

Фокус: Безбедност и конкурентност

Данска го презеде претседателството со мотото „Силна Европа во светот што се менува“, со намери да се фокусира на прашањата за безбедноста и конкурентноста на Европската Унија.

Според данската влада, следните шест месеци ќе бидат посветени на унапредување на политиките за одбрана, енергетска независност, дигитална трансформација и економска стабилност на Унијата во време на глобални предизвици.

Makedonski