На здравје бричење – Во нацрт-извештајот за Македонија во ЕП се бришат формулациите за македонски јазик и идентитет

46

Според извештаите од бугарската агенција БГНЕС и потврдата од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, трите најголеми политички групи во Европскиот парламент – ЕПП, Социјалистите и социјалдемократите, и Обнови ја Европа – постигнале договор за изгласување на нацрт-извештајот за напредокот на Македонија без формулации поврзани со македонскиот јазик и идентитет.

Договорот се однесува на извештајот на известувачот за Македонија Томас Вајц, кој значително ги изменил своите првични ставови, вклучително и бришење на деловите што зборуваат за „почитување и признавање на македонскиот јазик и идентитет“.

Политичко „оградyвање“ околу идентитетските прашања

Според предложените амандмани, во уводниот дел од извештајот се додаваат формулации кои упатуваат на тоа дека Европскиот парламент признава постоење на „различни толкувања“ за потеклото на македонскиот јазик и идентитет, и дека извештајот „не треба да прејудицира или ограничува научен дискурс за овие прашања“.

Исто така, се наведува дека овие прашања немаат влијание врз оценката за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите, која останува заснована на критериумите од Копенхаген и принципите на добрососедски односи.

Гласање на 7 јули

Оваа компромисна формулација се очекува да биде ставена на гласање на 7 јули, при што може да се случи првпат во извештај од Европскиот парламент да се изостават директни споменици на македонскиот јазик и идентитет, што, според аналитичари, претставува сериозен преседан и потенцијален чекор назад во евроинтегративниот процес на земјата.

Makedonski