Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД – „Американска партија“

4

Милијардерот Илон Маск најави дека ќе формира нова политичка партија во Соединетите Американски Држави, под името „Американска партија“, само еден ден откако на социјалната мрежа Икс (поранешен Twitter) спроведе анкета во која побара од своите следбеници мислење за потребата од нова политичка опција.

„Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една!“, напиша Маск на Икс, додавајќи дека новата партија треба да има за цел „враќање на слободата на народот“.

Оваа најава доаѓа во време на влошени односи меѓу Маск и актуелниот американски претседател Доналд Трамп, наводно поради несогласувања околу последниот Закон за трошоци. И покрај тоа, Маск одигра значајна улога во кампањата на Трамп во 2024 година, донирајќи над 250 милиони долари. По изборите, Маск беше именуван за специјален советник на претседателот и стана де факто раководител на Канцеларијата за владина ефикасност (ДОГЕ) – структура насочена кон намалување на државната бирократија и трошоци. Од оваа функција Маск се повлече на крајот на мај.

Според досега објавените информации, „Американска партија“ ќе се залага за:

  • намалување на буџетскиот дефицит,

  • дерегулација на економијата,

  • слободна трговија, и

  • стимулирање на имиграција на висококвалификувани работници.

Формирањето на нова политичка сила од страна на едно од највлијателните имиња на технолошката сцена би можело значително да го пренасочи политичкиот пејзаж во САД пред наредните избори.

Makedonski