Од Баерн соопштија: Мусиала е успешно опериран
Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, успешно е опериран по фрактурата што ја доби за време на Светското клупско првенство во САД, соопштија од клубот.
„Тој ќе ги започне своите први рехабилитациски сесии во вторник и нема да биде достапен во следните неколку месеци“, соопшти баварскиот клуб.