Сашко Комненовиќ: Опожарени се 7 куќи и едно лице побарало лекарска помош
По изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов во која се вели дека информациите за опожарени куќи биле невистинити, со свој став се произнесе и градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ кој вели дека директорот на ДЗС не знае што зборува.
Опожарени се седум куќи кај местото Голиово, а едно лице побарало лекарска помош поради вдишување на чад.
Градоначалникот Комненовиќ информира дека е изгаснат и пожар во Кучевиште за кој се сомнева дека бил подметнат.