Се разгори фронтот над Чучер, пожар се движи кон село Горњани
23:48
Информациите од терен се дека пожарот кој се закануваше на село Горњани е изгаснат, се натопува со вода потегот и се повлекуваат луѓето кон Чучер Сандево, но според месното население, после изнесените докази дека пожарот впрочем бил подметнат се поставува прашањето колку е безбедно и дали во било кое време може пак некој да подметне нов пожар?
Жителите стравуваат но засега одговор од надлежните нема.
22:22
Од она што може да се забележи но и од последните информации од теренот околу Чучер (црква Св. Троица) во моментов гори шумски потег кон село Горњани.
Луѓето кои се горе на првата линија веќе упатуваат апел за помош во човечки ресурси но и цистерни за да може да се стави под контрола бидејќи ако продолжи со ова темпо се заканува да се прошири и продолжи кон населбите во Горњани и кон местото Пасидол.
Жителите и луѓето кои гаснат во овие моменти се сомневаат во намерно подметнување.