Поддржувачите на Вучиќ тргнаа против Ѓоковиќ нарекувајќи го платеник

5

Откако најголемиот српски спортист на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, јавно ги поддржа студентските протести против властите, а потоа испрати пораки од Вимблдон (пумпај) властите во Србија започнаа жестока конфронтација со него.

Инстаграм страницата „Студенти за Србија“, која го поддржува Александар Вучиќ и неговиот режим, објави карикатура во која Ноле е претставен како странски платеник и зема пари од странски организации, а лицето кое му ги подава доларите има знамиња на Хрватска, Велика Британија и Албанија.

Makedonski