Работнички повторно е „европски“ Работнички!
Конечно. По цели седум години пауза, Работнички повторно е европски Работнички. Некогаш важеше за синоним за успеси во Европа, како убедливо најдобриот наш клуб во Европа, но сега веќе не е така, иако сеуште со 21 победа во Европа, е далеку пред сите останати наши клубови кога овој сегмент е во прашање.
Работнички против Торпедо Белаз, ќе го одигра својот 59 европски меч, и има 21 победа, 14 ремија и 23 порази. Бројките кажуваат многу.
Но ако се вратиме низ историјата ќе видиме дека Работнички последен пат играл во 2018 година и тоа против Хонвенд во првото квалификациско коло во Лигата на Европа.
Работниички еднаш играл плеј – оф во Лигата на Шампионите, во 2006 со Лил и двапати играл плеј – оф во Лигата на Европа, со Лацио во 2011 и со Рубин Казан во 2015, но нема пласман во групната фаза како Вардар, единствен наш клуб кој може да се пофали со такво нешто.