Дијамантот го напушта Лајпциг, не сака веќе да оди на позајмици!

6

Елиф Елмас нема намера да оди повторно на позајмици, токму затоа тој ова лето дефинитивно си заминува од Лајпциг. Ова го пренесува “Кикер“, кој наговестува дека за нашиот Дијамант едноставно нема иднина меѓу „Биковите“ од Бундеслигата.

Познато е дека Македонецот минатата пролетна полусезона играше за Торино како позајмен играч, желбите на италијанскиот клуб беше тој да остане, но едноставно нема доволно пари да го откупи, а и според “Кикер“ нашиот офанзивец не се гледал во тој клуб, едноставно посакувал поголеми предизвици.

Инаку во изминатите два – три месеци како можна дестинација за Елмас беше посочуван Ајакс, но по се изгледа дека ништо од тоа.

Инаку главниот проблем за Елмас е тоа што тој сеуште е под договор со Лајпциг и секако дека раководството на овој германски клуб нема намера така лесно да се откаже од него, пред се тука мислиме на парите кои ги даде при неговиот трансфер од Наполи.

Makedonski