Меџити на конференција за обнова на Украина во Рим

4

Како што соопшти МЖСПП, станува збор за четвртата по ред голема меѓународна конференција посветена на закрепнувањето и долгорочната обнова на Украина. Настанот е коорганизиран од владите на Италија и на Украина. Целта е мобилизација на владини, финансиски и приватни ресурси за поддршка за реконструкција на земјата погодена од војната.

Во Рим, вицепремиерот Меџити го повторил цврстиот став на Република Македонија во поддршка на украинскиот територијален интегритет, како и подготвеноста да придонесе во процесот на обнова.

„URC 2025 е продолжение на годишната серија високи политички форуми што од 2022 година обединуваат влади, меѓународни финансиски институции и стопански комори околу визијата за ‘брз, одржлив и европски пат на закрепнување на Украина’ “, се наведува во соопштението.

Присуството на Македонија на највисоко ниво, како што се посочува во соопштението, уште еднаш покажува дека нашата држава останува доследен поддржувач на Украина и активен учесник во зацврстувањето на европската солидарност и партнерството со НАТО и ЕУ.

 

Makedonski