Една жртва од пукањето во Батинци
Денес, околу 10:55 часот, во Градската болница во Скопје е пренесен 49-годишен маж со две огнострелни рани на градите, и без знаци на живот, потврдува од болницата, а е поврзано со денешната престрелка во Батинци.
Лекарите велат дека се преземени итни мерки за реанимација, но утврдиле дека жртвата веќе била безживотна состојба уште од моментот на приемот.
Денес, околу 10:55 часот, во болница е донесено машко лице, на 49 години, со две рани на градите. Преземени се итни мерки за реанимација, но лицето им подлегнало на повредите.
соопшти Градската болница.
Околностите на настанот и причината за повредите сè уште не се познати, додека надлежните органи веќе водат истрага.
Станува збор за А. М. од Батинци инаку припадник на Армијата на С. Македонија.