ДОМ бара зелената транзиција да биде дел од стратешкото партнерство со Британија

5

„Во таа насока, бараме дел од средствата да се определат за инвестиции во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, модернизирање на дистрибутивната мрежа на електрична енергија и децентрализирани енергетски системи, да се поттикнуваат проекти за климатска адаптација и зголемена отпорност на локалните заедници кон екстремни временски услови, да се вложува во зелени и циркуларни бизниси, како и во инклузивна економија што создава можности за младите, жените и локалните иноватори како и да се гарантира поголемо учество на локалните компании и зелените иноватори во проектите поддржани од британскиот финансиски механизам. Со вклучување на одредбите од Стратегијата за одржливост на Обединетото Кралство, ќе се испрати силна порака дека Македонија ја прифаќа визијата за праведна транзиција, заштита на природата и економски развој кој остава вредност и за идните генерации. Нашата татковина и нашите сограѓан(к)и немаат веќе толеранција за импровизации: инвестициите во инфраструктурата ќе бидат залудни доколку не ја зачуваме животната средина и не создадеме еколошки чиста држава“, велат од ДОМ.

Makedonski