Пожарот меѓу Желино и Еребино добива воздушна поддршка – активирани армиски хеликоптер и „Ер трактори“
Пожарот кој беснее помеѓу селата Желино и Еребино, зафатил сува вегетација и грмушки, а поради неговиот обем и тежок терен, Дирекцијата за заштита и спасување најави вклучување на два авиона „Ер трактор“ од 16 часот за воздушна интервенција.
Веќе е ангажиран еден армиски хеликоптер, а на терен се делува и со:
-
полициски камион марка МАН со цистерна од 8 тона и воден топ,
-
два пинцгауери,
-
возило тип „хермелин“,
-
30 припадници на Армијата,
-
повеќе екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита,
-
и пожарникари од ТППЕ Тетово.
Надлежните апелираат на внимателност и соработка од граѓаните, а Дирекцијата нагласува дека се преземаат сите можни мерки за спречување на проширување на пожарот кон населени места и објекти.