Време денес: Сонце, горештина и можни попладневни нестабилности

5

Денеска не очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а попладне можно е локално развивање на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во западните и планинските предели.

УВ индексот е многу висок – 9, па се препорачува соодветна заштита од сонце, особено меѓу 11 и 17 часот.

Во Скопје:

Главниот град ќе има сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност и ветер од северозападен правец, со слаб до умерен интензитет. Температурите повторно ќе се искачат над 35°C, со чувство на голема жештина во текот на денот.

Граѓаните се повикуваат на редовна хидратација, престој во сенка или разладени простории, и избегнување физичка активност во најтоплите делови од денот.

Makedonski