Од утринава разгорен пожарот кај Желино, дејствува противпожарна авијација
После вчерашното ставање „под контрола“ на пожарот кај Желино, утринава повторно се разгори и повторно со сите расположливи сили се дејствува токму на овој пожар.
Двата „Ер трактори“ во неколку наврати од рано утрово дејствуваат по пожарот а на терен се и екипи на противпожарните единици од Тетово и Скопје, како и силите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Исто така активни се пожари во неколку села кај Василево, Македонски Брод и Прилеп