Прв натпреварувачки ден на „Европскиот Младински Олимписки Фестивал“ во Скопје и Куманово

6

И официјално започна првиот натпреварувачки ден од Европскиот младински олимписки фестивал кој се одржува во Скопје и Куманово.

Натпреварувачката агенда на македонските репрезентативци и репрезентативки денеска е исполнета во следниве дисциплини:

  • Атлетика
  • Бадминтон
  • Кошарка (во Куманово)
  • Одбојка
  • Стрелаштво
  • Пливање
  • Ракомет

Салата „Перо Наков“ во Куманово ќе биде првата спортска арена каде што силите ќе ги одмерат македонската младинска репрезентација во кошарка против селекцијата на Белгија во женски состав, а после тоа во 18:15 машките репрезентации на Македонија и Турција.

Ракометните „пресметки“ помеѓу нашите репрезентативци/ки ќе се одиграат во СРЦ „Јане Сандански“ и СРЦ „Кале“:

  • Во 16:00 часот, Македонија – Исланд (жени)
  • Во 18:15 часот, Македонија – Хрватска (мажи)

Во 18:00 часот, одбојкарите/ките своите сили ќе ги одмерат во СРЦ „Борис Трајковски“:

  • Македонија – Италија (жени)
  • Македонија – Франција (мажи)
Makedonski