Вреди со иста артилерија ќе одговори на ДУИ, во Чаир Меџити против Османи

4

„Во Вреди деновиве очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција“, изјави Меџити во интервју за ТВ Канал 5.

Меџити рече дека и тие „ќе одговорат со иста артилерија“.

„Ако ДУИ оди со потпретседател и со членови кои биле кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи и ние ќе одговориме со иста ‘артилерија’“, изјави Меџити.

Тој рече дека граѓаните гледаат дека Ахмети и ДУИ немаат луѓе кои ќе трчаат на овие локални избори.

„Од 15 општини кои се со мнозинско албанско население, пред да почне трката седум-осум од нив ги даде на алијансите. ДУИ ќе се натпреваруваат само во седум општини. Мислам дека во сегашниве околности, каде ДУИ раководи со 11-12 општини, во најдобар случај може да смета само на седум општини. На овие локални избори даваат сè, само да си ја спасат кожата. Ние будно ќе ги следиме овие околности и случувања и ќе одговориме соодветно“, рече Меџити.

За актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и нападите од актуелната градоначалничка Данела Арсовска, тој ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје, туку само со општината Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ.

„Ако сме до дивоградбите, и кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, живее во дивоградба и затоа ‘не може да зборува за дивоградбите’, туку се скриени зад градоначалничката на Скопје, за да ја искористат за време на кампањата“, рече Меџити.

Makedonski