Во Газа од Израелски воздушни напади се уништени две болници и едно уличиште, каде што настрадаа најмалку 32 Палестинци
Израелските воени воздушни напади во Газа убија најмалку 32 Палестинци, од кои 8 во училиштето Муса Бин Нусајр кое што служело како засолниште за раселени семејства во Газа, пренесува Гардијан.
Во Газа, медицински лица потврдија дека четворица Палестинци загинале кога воздушен напад погодил автомобил. Најмалку пет други Палестинци биле убиени во два одделни воздушни напади во Рафах и Кан Јунис, на југот од енклавата.
Агенцијата за цивилна заштита на Газа соопшти дека израелските воздушни напади во текот на ноќта и рано изутрина убиле најмалку 28 Палестинци, но бројката цело време расте. Портпаролот на агенцијата, Махмуд Басал, изјави дека најмалку 13 лица загинале во воздушен напад врз куќа во Деир ал-Балах – град во централниот дел на Газа – што му припаѓала на семејството Абу Самра.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека трите главни болници на северот на Газа, меѓу кои и Камал Адван, едвај функционираат и дека се под континуирани напади од кога Израел испрати тенкови во Беит Лахија и близу Беит Ханун и Џабалија во октомври.
Израелската војска тврди дека целта на обновениот напад на северот е да се спречи повторното собирање на борците на Хамас таму. Но, Израелски одбранбени сили нападнале болници и засолништа, при што многу цивили загинале од израелските сили во континуирани напади.
Израелските сили користеле тешка артилерија и детонирале експлозивни направи поставени во областите околу болницата, спречувајќи и оневозможувајќи движење на амбуланси, како и на луѓето што се обидувале да ги донесат ранетите од местата на бомбардирање до медицинската установа.