Експлозија пред зграда во солунската населба Сикиес, две лица полесно повредени

6

Во раните утрински часови во солунската населба Сикиес се случила експлозија на влезот од станбена зграда, информира грчкиот весник Катимерини.

Според првичните информации, детонацијата била предизвикана од експлозивен уред поставен од засега непознати сторители. Експлозијата предизвикала значителна материјална штета – оштетени се влезот од зградата, блиските објекти, како и неколку паркирани возила.

Двајца млади се здобиле со полесни повреди, најверојатно од скршено стакло, и се префрлени на лекување во болницата „Хипократ“ во Солун. Истрагата за инцидентот е во тек.

Makedonski