Со хеликоптер спасен повреден војник кој учествувал во гаснење пожар кај Штип

7

Припадник на Армијата на Македонија кој се повредил додека се борел со огнот во близина на Штип денеска бил евакуиран со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, полициски екипи успешно го извлекле С.Н., припадник на Првата пешадиска бригада, кој бил повреден при интервенција на терен. Акцијата се одвивала во исклучително отежнати услови, а во неа учествувал и полициски хеликоптер кој го транспортирал војникот до безбедна локација.

Makedonski