Сеќавање на Петре Тодоровски, една од бесмислените македонски жртви при распадот на Југославија
На вчерашен ден 26 Јули, 1991 год, при вооружен напад на касарната „Љубљана поле“ во Словенија, од страна на паравоени формации, убиен е Петре Тодоровски војник oд Македонија, меѓу првите македонски жртви во војните по распаѓањето на Југославија.
Убиен е додека бил на стража, на 20 годишна возраст, само дваесет дена пред завршувањето на воениот рок.
Основно и средно училиште завршил во Кавадарци. Непосредно пред заминување на отслужување на воениот рок, се запишал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Скопје.