Собранието ја усвои интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Со 71 глас „за“, пратениците во Собранието ја изгласаа интерпелацијата против државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица.
Во рамки на седницата беше усвоен и заклучок со кој се констатира дека наводите наведени во интерпелацијата се основани.
Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската сала пред самото гласање, образложувајќи дека интерпелацијата нема правни последици и дека Обвинителството треба да остане независна институција.