Столе доби нов тренер: Корберан седна на клупата на Валенсија
Валенсија и официјално го објави името на новиот тренер на тимот. Нашиот Столе Димитриевски од денеска за нов тренер го има 41-годишниот шпански стручњак Карлос Корберан, кој работеше во клубот од англискиот шампионат, Вест Бромвич од октомври 2022 година. Договорот со него е склучен до 2027 година.
Валенсија во Ла Лига е во зоната за испаѓање со 12 бода на 17 меча.