ВМРО-Народна бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски

35

ВМРО-Народна партија реагира на изјавата на министерот за спорт, г-динот Борко Ристовски кој јавно призна дека младинската олимпијада, Македонија ја дочекала неспремна и со многу нерегуларности.

Илузорно е да се оградувате од организацијата на таков голем настан не затоа што министерството не учествувало можеби во директната организација но таквиот настан дава импакт кон спортот во Македонија генерално па малку е дискутабилно едно министерство за спорт да се оградува од спортски настан на ниво на Европа.

Со последната изјава дека министерството барало да се одложи олимпијадата, министерот за спорт всушност ја призна несериозноста на спортските институции во државата со обид да се испере дамката која токму организациските нерегуларности ја наметнаа на овогодинешната младинска олимпијада.
Најсимптоматично е што за подготовка на овој настан Македонија имала две полни години, односно ако Владата на Христијан Мицковски започна со работа во мај 2024 се поставува прашањето што всушност работела една цела година министерството за спорт??

Климатизациските системи на спортските сали, сместувачкиот потенцијал особено по студентските домови или пак тајмингот на одржување на натпреварувањата во време кога на сила се мерки за спавување со временски неприлики се само дел од опусот на нерегуларности со кои се соочи Македонија како организациска целина за време на младинската олимпијада.

Но работите не престануваат тука.

Имаме нов испад овој пат на спортски настан во Куманово каде на кошаркарско натпреварување наместо да се радуваме на кошаркарскиот потенцијал за репрезентативно натпреварување во светски рамки ние бевме сведоци на говор на омраза за кој повторно покрај засегнатоста на безбедносниот сектор свој удел има и министерството за спорт кое во ниту еден момент ниту се огради, ниту пак видовме нешто во овие година-дена институционално функционирање да се поработа на однесувањето и спречувањето на говор на омраза по спортските настани во Македонија.

Симптоматичен е молкот на државните институции но и немоќноста да превземат одговорност, ВМРО-Народна партија смета дека министерот за спорт треба да си поднесе оставка од функцијата. Ако ништо друго, тогаш покажете барем малку достоинство и чувство за морална одговорност пред оние кои Ве избрале да (не)функционирате.

 

(интегрален текст од реакцијата на ВМРО-НП)

Makedonski