Населба Козле плива во вода, граѓаните револтирани
Штом малку се смири временската непогода која се надвисна врз Скопје, граѓаните од сите скопски општини со видеоснимки покажуваат низ што поминале за време на невремето.
Од населба Козле доаѓаат информации за поплавени улици, дворови и подруми, како и за огромни количини на вода кои се слеваат од шумата кон улица „Козле“. Велат дека вакви сцени немало одамна на тој простор па сходно на фактичката ситуација се бара и реакција на општинските и градски институции во санирање на штетите но и превземање иницијатива за средување на потегот за да не се случуваат повторно истите грешки „од невреме до невреме“.