Германски државјанин осуден и протеран поради ширење национална омраза во Скопје

6

СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против германски државјанин, кој на 5 август 2025 година, пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабах“, предизвикал национална омраза со веење знаме со симболите на т.н. „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во непосредна близина на стадионот, при што обвинетиот поттикнал чувства на етничка омраза и нетрпеливост. Тој бил веднаш приведен од страна на полициските службеници, а Основниот кривичен суд Скопје по скратена постапка му изрече условна затворска казна од две години, како и мерка протерување од државата со забрана за повторен влез во наредните пет години.

Од МВР информираат дека заедно со Јавното обвинителство продолжуваат со засилени активности за откривање и процесуирање на лица кои поттикнуваат омраза и нетрпеливост, особено во контекст на спортски настани. Веднаш по нивната идентификација, сторителите ќе бидат изведени пред надлежните институции.

Makedonski