Македонија се сеќава – 24 годишен помен од масакрот кај Карпалак

12

И по 24 години, Карпалак останува црн ден за македонската историја, место каде што на 8 август 2001 година, за време на конфликтот, армиски конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.

Како и секоја година, на денешен ден, со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјата кај месноста Карпалак (тетовско), во Прилеп како и споменикот кај село Лениште (прилепско)  се сеќаваме на хероите кои го положија животот за Македонија непосредно пред ставањето крај на конфликтот од 2001 година.

Makedonski