Тетовка измамена за 20.000 евра, ја излажале дека ќерка ѝ била прегазена на пешачки премин

11

 

Седумдесет и шест годишна од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице.

Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во соопштението на МВР.

Makedonski