Албанските новинари алармираат: Полицијата ја блокира „Њуз24“ и два весника
Здружението на новинари на Албанија остро реагираше по полициската акција со која беа опколени канцелариите на телевизијата „Њуз24“ и весниците „Панорама“ и „Газета шќиптаре“. Полицијата го исклучи сигналот на телевизијата и им го забрани пристапот на новинарите, што здружението го оцени како директна закана за слободата на медиумите и кршење на Уставот.
„Полициската интервенција е отворен притисок врз слободните медиуми“, се наведува во реакцијата, со повик институциите итно да ја прекинат акцијата и да обезбедат непречена работа на новинарите.
Реакции стигнаа и од БИРН, аналитичари и опозициски партии, кои го нарекоа настанот „без преседан“. Засега полицијата не даде објаснување за причините за блокадата.