Министерството за Здравство го презема лиценцирањето од Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
Министерството за здравство од денес ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, информира министерот Азир Алиу. Мерката ќе важи сѐ додека не се воспостави законит, транспарентен и професионален систем за работа на Комората.
Алиу нагласи дека ова не е казна, туку почеток на реформа што ќе ја врати довербата и ќе обезбеди лиценците да се обновуваат според најновите светски стандарди.
Според него, надзорите откриле сериозни неправилности – едукации преку нерегистрирани здруженија, невалидни сертификати, ретроактивни договори, документи без потпис, игнорирање на одлуки на Уставниот суд, како и сомнежи за финансиски злоупотреби, за што веќе постапува финансиската полиција.
„Комората мора да има кредибилен, законски и транспарентен систем за лиценцирање“, порача министерот.