Лина Ѓорчевска се избори за финале на турнирот во Куршумлиска Бања

48

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања, совладувајќи ја Русинката Дарја Астакова со пресврт и резултат 2-1 во сетови.

Астакова го отвори мечот подобро, освојувајќи го првиот сет со убедливи 6-2. Сепак, Ѓорческа возврати со силна и сигурна игра, враќајќи се во натпреварот со идентичен резултат, 6-2, во вториот сет. Во одлучувачкиот сет, при резултат 3-3, македонската тенисерка направи клучен брејк и поведе со 4-3, по што ја задржа предноста и мечот го заврши со 6-4.

Во борбата за трофејот, Ѓорческа ќе се сретне со победничката од полуфиналниот дуел меѓу Романката Булгару и Бугарката Глушакова.

Makedonski