Кај „Јасен“ се гасне со „Ер трактор“ и хеликоптери

5

Вчера попладне на територијата на ЈП ловиште „Јасен“, неколку километри по влезната капија од скопската страна, изби шумски пожар, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Пожарот првично бил нападнат од земја од страна на вработените во „Јасен“ на исклучително тежок терен. Набргу во акцијата се вклучиле два авиони-ер трактори на ДЗС, а потоа и два полициски хеликоптера. Пред стемнување огнената стихија била ставена под контрола и целосно изгасната, при што извршена е проверка на линијата на пожарот без забележани нови жаришта.

Сепак, во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал. Утрово, екипите на „Јасен“ повторно излегле на терен, а како поддршка биле испратени два полициски хеликоптера и два авиони-ер трактори.

Ангелов посочува дека, и покрај исклучително непристапниот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под целосна контрола во текот на денот. Специјалните возила на ДЗС не можат да се користат поради условите на теренот.

Makedonski