Речиси 400 автори пријавени на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“
Рекордни 396 автори од целиот свет, од кои 164 од Македонија, се пријавија на 22 издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“. Нивните дела ќе бидат прегледани од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес.
Според Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центарот на Македонија, големиот број на автори се должи на континуираната активност во и надвор од нашата земја.
„Освен докажаните стрип мајстори, многу радува и пријавата на нови стрип имиња од македонската сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание. Тоа е секако одраз и на соработката со училиштата ширум државата, но и со специјализираните едукативни студија“, вели Трајков и додава дека постои и контимуирана соработка со актери на стрип сцената од поранешните ЈУ републики, државите од Западен балкан и пошироко.