БРЕРА (трансфери, играчки кадар, очекувања): Кај струмичани младоста е во преден план!
Брера Струмица е една од енигмите во ПМФЛ во новата сезона. Имено главното прашање е што може овој тим на стратегот Панче Стојанов. Едно се желбите и амбиции, ама во стварноста секогаш е поинаку. Брера и во оваа сезона ќе мора во преден план да ја истакне својата младост. Има таму голем број млади и талентирани деца, но во битката за бодови потребно е и нешто друго, а не само талентот и младоста.