Уапсен осомничен за обид за убиство во Виница

6

Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Виница, синоќа (11 август) во 21:15 часот во Кочани го уапсиле Н.В. (32) од Виница, осомничен за обид за убиство извршен на 7 август пред угостителски објект во градот.

Според полицијата, по претходна вербална расправија, Н.В. со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што избегал.

За случајот е известено надлежното Јавно обвинителство, а по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Makedonski