Во Бразил прв пад на цените на кафето по 18 месеци

4

Потрошувачките цени на кафето во Бразил се намалија за 1,01% во јули во однос на јуни, што е прв пад по година и пол, соопшти Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE).

Намалувањето е резултат на пониските откупни цени што земјоделците ги добиваат по бербата на овогодинешната реколта, која е во завршна фаза, јавува Ројтерс.

Во изминатите 18 месеци, кафето беше еден од главните двигатели на инфлацијата во втората најголема земја потрошувач на кафе во светот, забележа IBGE.

Минатата недела, цените на фјучерсите за кафе во Њујорк пораснаа за 8% поради загриженост дека можни трговски бариери и глобалните пазарни флуктуации би можеле да влијаат врз трговијата помеѓу најголемиот производител и извозник – Бразил – и најголемиот потрошувач – САД.

Makedonski