Македонија со последна шанса за Европско – бесплатен влез за натпреварот со Грузија
Македонската одбојкарска репрезентација доживеа пораз од 3:0 на гостувањето кај Грција, па патот кон трето последователно учество на Европско првенство ќе го бара во неделниот дуел против Грузија во СЦ „Борис Трајковски“.
Играчите веруваат во победа пред домашната публика и апелираат за масовна поддршка од трибините. За да привлече што повеќе навивачи, Одбојкарската федерација објави дека влезот ќе биде бесплатен, а мечот ќе започне во 20 часот.
Македонија ќе се обиде да слави со максимални 3:0, со што би обезбедила што поголема поен-разлика и шанси за пласман меѓу петте најдобри второпласирани селекции. Во трката за „евро-билет“ остануваат и Австрија и Норвешка, но нашите имаат подобар поен-количник.
Потребна е убедлива победа над Грузија, со што би се минимизирале загубените поени по сет, а потоа ќе се чекаат резултатите од другите групи за потврда на пласманот.