Ивановска: Ристовска да поднесе оставка од членството во ДКСК, а обвинителството да отвори случај

4

Ристовска била професорка на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата од каде што е и дипломата на првиот човек на АНБ, Бојан Христовски

Ако ДКСК сака да ја врати довербата кај граѓаните, предметот веднаш треба да биде отстапен кај друг член на Комисијата, а не тој и понатаму да биде во рацете на Ристовска, смета Ивановска и додава дека ова е веќа работа на обвинителството кое треба да го преиспита случајот.

ДКСК тврдеше дека Ристовска не е дел од наставниот кадар на приватниот Универзитет за туризам и менаџмент, но дека сепак имала соработка на ниво на гостин-предавач.

„Требало да биде изземена веднаш, затоа што имала деловни односи со факултетот, без оглед дали е паричен надомест или не. Штом веќе имала деловен однос, тоа претставува ризик за одлучување. Следниот ден беше избришана од наставниот кадар на веб-страницата на факултеот, па додадена и ова пиши-бриши ја повредува интелигенцијата на граѓаните“, рече Ивановска.

Според ДКСК, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојaн Христовски, на функцијата е именуван согласно законските услови.

Антикорупционерите на седница минатата недела со мнозинство гласови одлучија да ја запрат, да ја затворат и архивираат постапката по иницијативите со кои се спореше именувањето на Бојан Христовски поради неговиот ТОЕФЛ-сертификат за познавање на англискиот јазик, како и за дипломата од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Makedonski