Јагуриновски: Треба да уживаме во играта на големата сцена! Знаеме што значи да се игра за Македонија!
Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовки пред стартот на првиот меч против Унгарија на Светското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци веќе се побогати за едно Европско првенство, кое беше добредојдено особено ако се земе во предвид дека играт против една Германија и Франција.
„Атмосферата секогаш е на завидно ниво, сите добро сме сплотени и тоа не секогаш. Не би кажал дека има голема разлика во нашиот менталитет во однос на претходниот собир, а квалитетот и карактерот го покажавме во баражот токму за овој турнир. Сметам дека европско би било за нијанса поквалитетно бидејки ракометот е малку повеќе популарен на нашиот континент за разлика од останатите, без да одземам од квалитет“.