Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел
Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински затвореници, потврди премиерот на Катар, пренесува Си-Ен-Ен.
Спроведувањето на привремениот прекин на огнот ќе започне во недела, изјави Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани. Се очекува Хамас да ослободи 33 заложници во првата фаза од постигнатиот договор. Истовремено, стотици палестински затвореници ќе бидат ослободени од израелските затвори. Изралскиот кабинет сè уште треба да го одобри договорот.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека разговорите ќе продолжат по привремениот прекин на огнот, преминувајќи во втора фаза од договорот, која би можела да вклучува „постојан крај на војната“, додека официјално го објави договорот меѓу Израел и Хамас.
Ослободувањето на заложниците ќе биде првата фаза од договорот што се финализира. Преговорите за постигнување на втората фаза – која има за цел да стави крај на војната – би започнале на 16-от ден од спроведувањето на договорот. Еве што знаеме за потенцијалниот договор.