Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска, вели Кирков
На гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ присуствуваше советникот од Советот на Град Скопје, Стефан Кирков кој се осврна на актуелниот проблемот со бездомните кучиња.
Кирков објасни дека само на територијата на Скопје има повеќе од 5 илјади бездомни кучиња и како системско и трајно решение го нагласи примерот односно изградбата на еден поголем државен стационар за хуман престој на животните.
„Само на територијата на Скопје има повеќе од 5 илјади кучиња, како единствено решение дека треба да го земеме примерот од околните земји кои го имале овој проблем, хуман престој на животните и еден државен поголем стационар или помали стационари во секоја општина е единственото решение според мене“, објасни Кирков.
Кирков се осврна на актуелната тема пред неколку месеци во врска со епидемијата во зоолошката градина и како причинител го обвини лошиот менаџмент во зоолошката градина.
Кирков исто така додаде дека зоолошката градина пред две години го изгубила статусот на членка на ЕАЗА и дека зоолошката градина има целосна блокада за потенцијална членка во наредните 5 години.