Винисиус може да зема милијарда евра плата: Излегоа детали за мега-понудата!
Винисиус Јуниор преговараше за можно преселување во Саудиска Арабија во август минатата година, а разговорите продолжија во декември. Иако самиот играч и тренерот на Реал, Карло Анчелоти се обидуваат да ги премолчат гласините за потенцијален договор, АС открива детали од понудата што ќе пристигне до мадридскиот клуб и наведува дека шпанскиот и европскиот шампион би можеле да се согласат со неа.
Ас детално пишува за мега трансферот како зделка која може да ги сруши сите рекорди. Рекордерскиот трансфер и натаму е на Нејмар од Барселона во ПСЖ (2017 година, 222 милиони евра), но тој ќе падне на второто место во рангирањето доколку се остварат замислите од Саудиска Арабија.